што е граѓански буџет?

Граѓански Буџет е веб апликација која на едноставен начин го доближува буџетот до граѓаните, интерактивно ги информира за тоа како се крои буџетот, на кој начин се полни и како се трошат распределените средства.

Идејата беше создадена во рок од 48 часа на првиот финтек хакатон организиран од Министерството за финансии и Фонд за иновации и технолошки развој на РМ и беше доразвиена од победничкиот тим составен од Елена Андреева, Теди Пејоски, Александар Бакo Марковски, Елена Јовчевска, Александар Трпески и Каја Столеска со сугестии од страна на Министерството за финансии.

Во склоп на оваа веб апликација се интегрирани видеа, кои накратко ги дообјаснуваат главните раздели од буџетот, и квиз игра создадени од тимот составен од Стефан Митевски, Ивана Ѓорѓиевска Стојановски и Георги Михаилов.

2018 - Министерство за финансии - сите права задржани